Јадете, пиете, дишете, зборувате, мислите, работите…Човек сте!
Ама колку всушност го познавате вашето тело? Проверете:

 

Напнете 17 мускули и ќе се насмеете. Само толку малку напор треба! 🙂

nasmevka

Мажите имаат ерекција секој час. Пола од нив се во текот на спиењето.
Ете, мажи, здрави сте биле!

erekcija

Мислевте дека само отисоците на прстите се уникатни?
Не! И јазикот е. Различен е кај секој човек!

jazik

Се митариме! Во просек губиме 60-100 влакна дневно. И нормално е да е така, не паничете.

losing-hair

Нервните импулси патуваат до и од мозокот со брзина од 274 км/час. Ферари не им е рамен!

mozok

96.560 км! Километри! Толку изнесува вкупната должина на сите крвни садови во човечкото тело

krvni sadovi

Вкупната провршина на белите дробови е 70м2. Фино, двособно станче!

plukja

Една четвртина од коските во вашето тело се наоѓаат во стопалата. Дури 52!

nozi

Секој човек во просек прди по 14 пати на ден. Рековме човек, значи и мажи и жени!

200276338-001

Секое утро се будите повисоки за 1 cm. Со исто толку, ама помалку, одите на спиење

budenje

Носот ”памти” 50.000 различни миризби.
И не мора да биде голем, како оној на Сирано да Бержерак

noc

Утеха? Не, факт: За да се забележи дека почнувате да ќелавеете треба да изгубите околу 50% од косата

ќелав

Се изненадивте од фактите нели? Толку необични а, толку нормални. Па, човек сте! 🙂

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts