Климатските промени, ненавремената адаптацијата на земјоделците на надворешните температури, порастот и нерамномерната распределеност на светската популација, загадувањето и што уште не….За неколку децении ќе останеме без основните прехранбени производи и слатки задоволства кои ги уживаме денес.

Листата на овие производи е огромна. Сепак, доволни се и овие 6 за да ве подзамислат, нели?

slide_230465_1054132_free

ЧОКОЛАДА

Ова слатко задоволство наскоро ќе стане луксуз, ако фармерите во Гана и Брегот на Слоновата Коска не се прилагодат на температурите кои се во пораст. Имено таму се одгедува најголем процент на какао во светски рамки.

slide_230465_1054542_freeКАФЕ

Кафељупците нека поуживаат уште малку во кофеинот кој го внесуваат преку овој напиток. Климатските промени влијаат на синџирот на набавка на зрната кафе Арабика.

slide_230465_1054717_freeПИВО

Климатските промени се виновнкот за падот на производството на пиво во Германија, како најголем светски производител. За да се одгледува јачмен и хмељ потребни се големи количества вода а, пченката како евтина алтернатива не може да се употреби бидејќи со тоа би се нарушиле строгите правила за производството на пиво.

slide_230465_1054761_freeИТАЛИЈАНСКИ ТЕСТЕНИНИ

Италија ја очекуваат тешки години. Заради потешкотиите во домашното одгледување на дурум пченица , Италија ќе мора да ја увезува оваа основна состојка за производство на тестенини. Црните прогнози одат до таму да жетвата на пченица ќе исчезне до крајот на овој век.

slide_230465_1054806_freeМЕД

Пчелната популација полека но, сигурно исчезнува. Влажните зими и дождливите лета не им дозволуваат на пчелите непречено да ја извршуваат својата ”задача”. Многу пчелни семејства изгладнуваат и подложни се на болести. Но, ова не значи дека само производството на мед ќе опадне. Пчелите ги опрашуваат насадите. Кога ќе исчезнат пчелите многу насади исто така ќе исчезнат.

slide_230465_1059503_freeВИНО

Променливата клима влијае на виновите насади во Франција. Вкусот на виното се базира на соодносот на шеќерноста и киселоста на гроздовите, како и на температурата при раст и зреење. Грозјето кое расте на ладно не може да развие овошен вкус туку ќе биде кисело. Превисоките температури пак му даваат тежок вкус на виното заради зголемената концентрација на шеќер.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts