Кинескиот ѕид е најголемата градба на светот. Се протега од степите на средна Азија се до Жолтото море. Должината на ѕидот е 8852 километри, висината од 10 до 16 метри, а широчината е 8 метри. Со овие димензии претставува најголем одбрамбен објект.

Почетокот на градбата е врзан уште со првиот кинески цар, кој ја почнал градбата со цел да го заштити своето кралство од Хуните.

Различни секции на ѕидот се градени од глина, камен и цигли, а неговата градба со прекини траела до 17тиот век.

По должината на ѕидот се распоредени стражарници.

Големиот кинески ѕид денес претставува најголема туристичка атракција во Кина. Оваа атракција ја посетуваат повеќе од 4 милиона туристи секоја година. Повеќе од 400 светски лидери го имаат посетено Кинескиот ѕид меѓу кои Кралицата Елизабета, Маргарет Тачер, Нелсон Мандела, Ричард Никсон, Роналд Реган, Џорџ Буш.

Од 1987 влегува под заштита на УНЕСКО

Многу луѓе веруваат дека големиот кинески ѕид е единствениот објект изграден од човек што се гледа од месечината. Сепак НАСА вели дека е екстремно тешко да се види ѕидот дури и при најдобри метеоролошки услови.

The-Great-Wall-of-China34 naslovna The-Great-Wall-of-China4 The-Great-Wall-of-China3 The-Great-Wall-of-China28 The-Great-Wall-of-China29 The-Great-Wall-of-China26 The-Great-Wall-of-China33 The-Great-Wall-of-China32 The-Great-Wall-of-China24 The-Great-Wall-of-China22 The-Great-Wall-of-China21 The-Great-Wall-of-China18 The-Great-Wall-of-China17 The-Great-Wall-of-China15 The-Great-Wall-of-China13 The-Great-Wall-of-China10 The-Great-Wall-of-China9 The-Great-Wall-of-China7 The-Great-Wall-of-China5 Map_of_the_Great_Wall_of_China

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts