Сите нијанси на есента на вашите нокти! 

Како сами да направите ”омбре” ефект на вашите нокти низ овој фото-туториал:

За овој начин на лакирање на нокти ќе ви бидат потребни неколку нијанси на лак во есенски бои (кафена, портокалова, златна, темно зелена, црвена…) и сунгерче за маникир. Со употреба на сунгерчето се добива ефектот на прелевање на боите – омбре ефект.

 
potrebno za Ombre
 
 

1) Најнапред нанесете ја основната боја на лак. Тоа треба да е најсветлата боја од избраните бои на лак. Оставете убаво да се исуши. 

1 sloj
 
 

2) Со сунгерчето нанесете од втората боја на лакот само на половина нокт (кон врвот). Повторете ја постапката на сите нокти и оставете лакот добро да се исуши

2 sloj sunger
 
 2 sloj
 

 

3) Ако решивте да изберете и трета нијанса, тогаш и третата боја на лакот нанесете ја на ноктот со сунгерчето само на третина од ноктот (повторно кон врвот). Оставете добро да се исуши.

3 sloj sunger
 
 
3 sloj
 
 

Ете како, на лесен начин и со малку време добивате ултра-модерен омбре ефект на вашите нокти.

ombre nasl

Во зависност од светлината, нијансата на бои на ноктите се менува и се добива ефект на прелевање. Може да си играте со боите и да комбинирате неколку бои – од посветла кон потемна и обратно. Најважно од се, е сепак да имате убаво негувани нокти. И да уживате во есента и сите нејзини бои.

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts