Есен. Ладно утро, топло пладне. И ете, проблем, што да се облече. Наједноставното решение е комбинација на неколку парчиња гардероба…во слоеви.

За нови идеи или пак за да не згрешите при изведбата на овој стил еве 5 предлози:

 

1.) Тенко џемперче и кошула

1.a button up

Ако се двоумите дали ќе вби биде доволно топло, облечете само тенко џемперче врз кошулата. Кошулата може да биде целосно закопчана и слободно ставете некое соодветно ланче (како на фотографијата горе). Или пак, носете ја кошулата раскопчана во комбинација со широки фармерки и рамни спортски обувки.  Одлична е комбинацијата на кошула и тенок џемпер со кратко здолниште и високи (над колена) чорапи. 

 

2.) Никаде без палто

2.toss coat

Омилената летна комбинација може да ја носите и во рана есен. Само облечете палто! Бидете креативни (и смели) и измешајте ги дезените на различните делови на облека.  

 

3.) Блуза врз фустан

3.over dress

Идеален ”транзициски ”комплет! Врз лесен фустан носете мека блуза. Ќе ви биде топло наутро, а во текот на денот (кага ќе затопли) соблечете ја блузата и префрлете ја преку рамениците.  Ова е една варијација на комбинацјата од кошула и џемпер но, со поголема доза на шик!

 

 4.) Обратни слоеви

4.inverse

За забава, пробајте да ги носите слоевите облека по обратен редослед – од најдолго кон најкратко. Парчињата нека бидат еднобојни и добро стилски искомбинирани меѓу себе, за да не се добие впечаток на немарност. Задржете се на слоевито облекување само на горниот дел од телото и одберете тесни фармерки за да го комплетирате овој изглед.

 

5.) Задолжителниот елек

5.vest

Никако нема да згрешите ако го вклучите овој елемент во есенскиот слоевит стил на облекување. ”Бушавиот” елек одлично изгледа на кошула со долги ракави и ќе ви биде пријатно топло кога ќе го носите. Толку пријатно, што ќе посакате и зимата да дојде побрзо. Заради елекот барем… 

Бонус предлог: Време е да ги употребите и марамите и шалчињата. Есен е.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts