Сакате да смените нешто во вашиот дом? И тоа да го направите со скромен буџет?

За почеток, нема да биде потребно да купувате нови делови мебел. Доволно е да ги освежите веќе постоечките. Не заборавајте и на ѕидовите. Со малку труд ќе го добиете саканиот изглед.

Еве како тоа го направила една млада двојка:

За топло Добредојде: Чистите бели ѕидови со ефектно истакнување на тапетите со пругаст дезен му даваат свежина и нов лик на ходникот. Мебелот е во бела боја, како и подните прекривки. Црвените детали му даваат живост на просторот кој мами да влезете внатре.

2
3

За Добро утро: Во кујната тапетот е со цветен дезен а, контрастот помеѓу белата маса и црните столчиња целосно се вклопува во просторот. Кујнските елементи се во бела боја а, постоечкиот ѕид е во оригиналната состојба т.е. во цигла. Не се нанесени дополнителни слоеви и со тоа се добива ефект на провансалска, ”домаќински” расположена кујна.

10
249716_211988798834277_142363395796818_638421_5547148_n
249716_211988802167610_142363395796818_638422_3292448_n 12 13

За Добар ден: За разлика од ходникот и кујната, во дневната соба акцент е ставен на минимализмот. Собата делува пространа и удобна за целодневен престој. Убава фотеља, удобна аголна гарнитура за седење и свежо цвеќе. Со перничињата во разни бои и дезени се ”разбива” монотонијата а, добро ќе дојдат и за попладневна дремка.

249716_211988795500944_142363395796818_638420_189204_n 7
8
9
4
5

За добра ноќ: Спалната соба е за спиење. Чисто, бело, без непотребни делови мебел. Удобен кревет и гардеробер во бела боја. А, за да се чуствувате како во ”1001 ноќ” ставете убав лустер и раскошна прекривка во смарагдно-зелена боја.

16
17

За крај, свежина и во најинтимната просторија во домот. Бели ѕидни и морско-сини подни плочки. Нема непотребно дотерување. А, пролетната свежина во купатилото лесно и евтино се доловува со крпите во зелена боја.

18

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts