Електронска музика е музика која е створена со помош на електронски музички инстументи и електронска технологија. Чисто електронски звуци се произведуваат со синтисајзер, теремин и компјутер.

Развојот на технологија на крајот на 19 и почетокот на 20тиот век, ги заинтригира некои од тогашните композитори за употреба на електромеханички направи за вметнување на нови звуци во делата.

Во 1907, една година по пронаоѓањето на триодата, Феручо Бушони (Ferruccio Busoni) ја издаде Sketch of a New Esthetic of Music, во неа беше антиципирана употребата на електрични и електронски извори на звуци во идните дела.

Паралелно со технолошкиот развој, во неколку центри на светот, се формираа групи кои експериментираа со имплементација на  новите технологии во музиката.

Футуристи.

Во Италија се појавија “футуристи” нивниот пристап беше додавање звуци и шумови кои претходно не се сметаа за музички елементи. Во 1913 ,Луиџи Русоло (Luigi Russolo)  го објави делото “The Art of Noises“, а една година подоцна беше одржан првиот “art of noise”  концерт во Милано.

Конкретна музика (Musique concrète)

Во Париз во исто време група од композитори започнаа со употреба на снимани звуци од секојдневниот живот,природата, индустријата, и нивно едитирање и интегрирање во нивните дела. Првото дело од оваа група ја компонирал Пјер Шефер (Pierre Schaeffer) во соработка со Пјер Анри (Pierre Henry).

 Електронска музика  Elektronische Musik 

Младиот Карлхајнц Стокхаузен (Karlheinz Stockhausen)  во Келн го формира WDR студио каде што експериментираше со електронската музика заедно со Готфрид Михаел Кениг(Gottfried Michael Koenig) ,Херберт Еимерт (Herbert Eimert) и Вернер Мајер-Еплер  (Werner Meyer-Eppler). Музиката кои овие млади композитори ја создаваа веќе беше потполно различна од оние што се создаваа во другите центри, и содржеше остри електронски генерирани звуци. Критиката во тоа време не им беше,многу наклонета. Но сепак денес  Стокхаузен се смета за основач на електронската музика.

 

Јапонска електронска музика  Japanese electronic music

Неколку години по втората светска војна музичарите во Јапонија , започнаа експерименти со електронска музика . Тоа беше ера на јапонските производители на електронска опрема. Така на пример Тору Такемитсу (Toru Takemitsu) и Минао Шибата (Minao Shibata) беа првите кои ја согледаа и пушуваа за можност за музицирање на новата опрема.

Американска електронска музика  American electronic music

Американска електронска музика беше правец кои беше концентриран околу Џон Кејџ (John Cage)  и неговото прво такво дело Imaginary Landscape, No. 1 , направено со два грамофона, фрекфентен генератор, пијано и цимбал.

Околу Кејџ се формира Music for Magnetic Tape Project  група во која твореа и други американски композитори како Ерл Браун( Earle Brown)  Кристијан Волф (Christian Wolff),Дејвид Тудор (David Tudor) и Мортон Фелдман ( Morton Feldman).

Колумбија-Принстон  Columbia-Princeton Center.

По купувањето на професионална Ампекс машина за снимање на концерти од страна на универзитетот Колумбија, Владимир Усачевски (Vladimir Ussachevsky) професор на музичкиот факултет кој беше одговерен за неа, веднаш започна со експепиментирање со неа.


Во 1958 година Колумбија-Принстон универзитетот го создаде  RCA Mark II Sound Synthesizer, првиот програмибилен синтисајзер.

Стоастичка музика Stochastic music

Со појавата и достапноста на компјутерите се отвори едно ново поле каде што не само се генерираа звуци, туку и брзо можеше да се манипулира со нив. Така Јанис Ксанакис (Iannis Xenakis) започна со компонирање музика со метод на математички системи на веројатноста.  Со различни алгоритми и сет на варијабили се компонираа дела . Подоцна е развиен и систем UPIC кој графички слики ги трансферираше во музика, така настана Mycènes Alpha (1978).

 

Подемот на популарната електронска  музика Rise of popular electronic music 

Кон крајот на 60тите поп и рок групите ,како The Beach boys и The Beatles , започнаа да користат електронски инструменти како што се тереминот и мелотронот со цел да го збогатат својот звук. Во тој период се појавија и првите Moog синтисајзери кои одлично се вклопија во звукот на групите што свиреа прогресивен рок,како што се Pink Floyd,Yes, Emerson, Lake & Palmer.Инструменталниот прогресивен рок беше исклучително популарен во континентална Европа, овозможувајќи рушење на јазичните бариери на бендови како, Kraftwerk, Tangerine Dream, Can. Употребата на електронски инструменти се повеќе се зголемуваше и во наредните 70ти. Jean Michel Jarre, Vangelis, и Tomita, кои заедно со Brian Eno твореа во тој период имаа значајно влијание на целата подоцнежна музика.

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts