И додека ние се подготвуваме за летната сезона, Donna Karan ја претстави новата колекција Resort. И тоа каква колекција! Перфектен спој на опуштена деловна гадероба и облека за на плажа.

 

Туниките во бохо-стил во бранови се лелеат низ женските раменици. Збогатени се со минимални златни детали, толку, колку да се нагласи актуелниот тренд или поточно да се продолжи трендот од оваа во наредната година.

Bohemian – Donna Karan Resort 2014

[metaslider id=21420]

Строгите деловните палта се ”омекнати ”со шифон а, фустаните и здолништата во асиметричен крој даваат нов момент во и онака крутиот деловен дрес код. Палетата на бои е фокусирана на бела, црна, беж и многу малку црвена. Таман, колку што треба.

Business Casual – Donna Karan Resort 2014

[metaslider id=21443]

 

Богатсвото на златната боја доаѓа до израз кај вечерните фустани. Флуидни, женствени, меки, лелеави. Покрај црвената боја, Donna Karan се одлучи и темно-сината да ја одбере во креирањето на свечените фустани и со тоа да ја направи, оваа по малку досадна боја, вистински гламурозна.

Evening Glam – Donna Karan Resort 2014

[metaslider id=21467]

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts