Како подобро да го осветлите домот ако не со сончевата жолта боја?

Боењето на ѕидовите е вистинска уметност. Да се погоди вистинската нијанса, бојата да не изгледа ”уморно” и никако да не преовладува во просторот.

Жолтата боја е актуелна во овие пролетно-летни месеци. Не треба сите ѕидови или елементи да ги ”задушите” во жолто. Препорачуваме да обоите само еден дел од просторијата, еден ѕид, еден агол или пак да употребите жолто при изборот на завесите или мебелот.

Жолтата боја носи светлина и радост. Но, ако не ви е во план да реновирате и да се зафатите со боење или пак жолтата не е ваша омилена боја, тогаш барем сменете ги перничињата, прекривките или столните ламби.

[metaslider id=19847]

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts