Долгите лелави здолништа (сукњи) се вистински хит летово.

Лелеави, нежни и женствени. Шаренилото е во деталите а, не на самите здолништа. Така, најактуелни летово се еднобојните сукњи, плисирани, со рамен крој или со А-крој. Одговараат на многу стилови а, лесно можете да ги комбинирате со веќе постоечките делови од гардеробата и обувките.

Еве како да ги носите а, секој пат да добиете различен ефект.

 

dolgisuknji nezno

Плисираната долга сукња во нежна нијанса на кајсија комбинирајте ја со романтична кошула со чипка без ракави. Сандалите со ремчиња се со висока, полна пета. Одберете повпечатлив накит со камен.

 

dolgisuknji etno

”Бунтовничките” ќе имаат можност долгата црна сукња со А-крој да ја носат со кошула/елек во етно стил. Сандалите се рамни, на прст, со ефектни детали од метал на ременчињата. Дополнете го комплетниот стајлинг со црна кожена белегзија со метални ѕвезди.

 

dolgisuknji belo

Идеално за летни прошетки покрај море! Бело здолниште со рамен крој, бела кошула со предно врзување, рамни сандали со ременчиња во 3 бои, меѓу кои задолжителна е белата боја и оваа впечатлива белегзија за малку да ја ”раздрма” оваа по малку строга комбинација.

Девојки, уживајте во летото и нека се лелеат вашите здолништа!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts