Се викам Дарко од Вевчани сум. Пола живот ми е во Вевчани. Пола во Скопје. Вака кога гледам може од Стража сум.
Имам 28.
Сакав да се запишам во средно музичко – се запишав и завршив очна оптика. Сите години со сите петки .
Потем сакав да студирам Правен – се запишав на Општа и компаративна книжевност со американски студии под б. Завршив на време и без петки.Сакам коњи, фенси точаци со тенки гуми, стари Поршеа,острови, море и пијанки со другари. Не сакам да патувам сегде. Не сакам да видам све. Никогаш не ми било досадно. Касно навечер пред да заспијам во обични денови мислам дека ваљда сум среќен.

482383_10200743861189513_1393184322_n

Во вакви ноќи.

Некогаш касно навечер се будам од сон.
Очите ми се полни сурова, детска, морничава залудна љубов.
Се будам навечер касно ко од кошмар со сето „Зашто?!“ Зашто ?Зашто? за кое немам одговор.
И од ништо не се плашам.
мислам оти капка крв нема да потече и со хефталица за тапацирање да ме плеснат дирекно на срцево.
И го прашувам Зошто Зошто
сето зло кое го гледам во луѓето
го прашувам сето зло кое молче и коленичи пред мене
кое молчи и се смее ко да е глупо
кое ми ползи под нозете
кое пробува да ми ги изгори веѓите дури палам цигара со упаљачот
кое пробува простачки да ми наштети со сите препарати од АКМЕ фабриката од Којотот со која има склучено договор
кое пробува очајно да ми наштети и пука куршум преко блиндирано стакло
Некогаш касно навчер се будам како дете сираче
во очиве полн со сурова и залудна љубов
како дете кое станува во домот од креветот
како дете исчукано како дете да не даде да ти се роди такво Господ
дете во три сабајле кое го прашува : Зошто не сакаш да признаеш дека и ти и мајка ми која и да е – одстално сте се плашеле од преголема љубов?! на управникот на домот
кое прашува тивко и спокојно по пижами со втренчен нерасонет поглед во ходникот ..

Некогаш касно навечер се будам од сон.
Очите ми се полни сурова детска
морничава и залудна љубов.
Љубов е пострашна од сето зло на светот.
Во такви ноќи и ѓаволот пред мене го спушта погледот.

„Tи шепотев : П`шшшшшшшшш..
ти велев : ништо освен нас двајца не е вистина ! “Те видов тебе.
Точно ден пред нова година.
Се видовме.
Се видовме.
Се погледавме во очи.
Се раздткавме.
Ти реков трошиш пари .
Ми рече да ти како си?
Ти реков добро еве чекам некој.
Ми рече еве и јас – океј
Ми кажа знаеш дека не смееш тука да пушиш
Ти реков да и повлеков дим до во уши
Потем ја стапнав ја изгасив крвнички на плочки цигарата
Се насмеа
Ми кажа оти сум останат истата будала
Ти реков тоа некогаш дека ти се свиѓаше
Потем ја искористив онаа стандардна пецка за да увредиш жена
Дека си здебелена.
Ти реков дека во колковите си се раширила
Ми кажа цинички знам
Потем ми рече порано дури бев со тебе бев подебела
Потем нагло ослабев и кој ме ебе потем ми кажа
Ти реков дека беше супер ама ти после порасна
Ми кажа ми се спрема телото ваљда ми се спрема за некоја друга будала
Потем ти реков дека ќе седнам ондека ај ако сакаш прајми друштво дур да дојде таа
Ми рече ајде баш да ја видам ме интересира.
Седнавме и нарача ти две макијата
Ми рече извини не те прашав ја онака ваљда ми останало по навика
Ти се насмеав и ти реков дека после тебе го пиев кришем кафето да не ги секирам тие околу мене кришем внатре со мала чашица водка
Ми кажа оти тоа е гадно
Ти реков оти таква ни беше и љубовта и разделбата
Се насмеа кисело
Поголтна
Потем запалив цигара
Потем ми рече уште пушиш ко Циган
потем ти реков стој шшшшшшш
кога се направи на горната усна со пена
потем го пуштив прстот да те избришам и ја земав во уста
и излижав
потем се усрами и ми кажа прекини
потем ти реков извини што не го мислев
потем ти реков ја исто ова по навика
потем се уозбили и ми кажа- ај јас ќе си одам
потем ти реков арно и на струмички ти реков остај тука срцето, пичката и за макијатото пеес денара
потем ти кажа оти не ти е до смеа и стана
потем ти реков
Ти реков почекај уште секунд сега ќе и се јавам
Го земав телефонот и вртев напразно на 2922720еу0-2—с928с без префикс нула седам нула
И ти реков не се јавува
Ми кажа сигурно е во гужва
Ајде Дарче ми кажа отидов јас.
Ти кажав добро и станав од столицата
Ми кажа немој нема потреба
Потем од збунесот и навика ми утна и ја ти утнав образ.
Потем јазиците ко змиишта ни се испоплеткаа.
Потем се се измеша
потем којзнае што стана.
Се фатив како ти ги бришам солзите.
Се фатив како те стегам дури те гушкам.
Знаев дека ќе те видам.
Ми кажа дека и ти си знаела.
Потем шепотеше немој
Потем ти ја отпуштав косата.
Потем ми кажа колку си прошол колку си прошол тука кајшто јас бев главна
Ти реков 200
ти реков илјада
Потем ме маваше во градите ко немоќно дете со тупаница
А јас те оставав.
Те гледав дури ја спушташ главата и ко садист и ти велев цела камасутра лепотице цела камасутра
орал анал тројка во уста
Цела камасутра душо моја
Со болна насмевка
Потем те бацував во косата
Се стегаше во мене
Се впиваше во мене ко во матка
Перницата ми ја избербати ти велев
Пшшшш ништо не е вистина освен нас двајца
Перницата ми ја направи црнила
Ми кажа да ти ја ебам перницата!
Потем
Те мирисав
Те шмркав по патецот ѓоа е кокаин линија
Потем се дереше ме лажеш ме лажеш
потем ти реков не – се е вистина!
Потем ти реков ништо не е важно веќе
Потем ти реков оти умрев и сега сум наново во Македонија.
Потем ми кажа дека имам проблеми со психата
Потем ти кажав фала да си дочекаш и на деца
Потем твојата мала рака најде од силвестер сталоне сила
Потем ми ги прибра во една рака глуждовите од рацете
И ми ја гризеше долната усна ко хиена
Потем ме пушти и од кафезот и мене ми ја пушти душата
Се смееше блажено дури те касапи од мене ѕверката
Потем
Плачевме ко луди.
Се смеевме исто време
Те гризев и ме гризеше за гради.
Потем правевме се што правеше Северина.
Потем шепотеше се да вратиш!
Потем ти велев : и ти мене пичка ти материна!
Потем ми ги закачи ноктите во грб.
Потем ти ја ставив на уста дланката.
Потем ти замижа.
Потем и јас белките во очите ги превтев ко да имам напад од епилепсија.
Потем ти плачеше.
Потем јас палев цигара за цигара.
Потем те испратив.
Потем обајцата не силува тишина.
Потем им пратив пораката на фирмата за селење станот да ми го испразнат.
Потем му пратив порака на помалиот момак : Сабaјле ве чекам извини вака касно брат поздрав.
Потем на ден пред нова година јас сите пари на тоа ги потрошив.
На паркетот бели лисја и само две пенкала.
Во ќошот дрвен мал сандук со црни вина и само еден кревет во станот им реков да ми остават.
Потем дури дигаа и оставаа се наоколу празно мене ми се полнеше во душава.
Потем твојте заборавени обетки од малата наткасна јас во дланкава ги стегав.
Вечерта во слеоопчници од Ти златно сонце ми пиштеше на најгласно чалгата
Дисторзијата испуштена до даска ми ствараше фонија.
ПОтем другиот ден се ми се измеша.
Експлодираа во мене и среќа и тага.
болните и тажни ноти ко мене и тебе
Ко јас и ти заедно никој не ги сака
Не боли истовремено
Ни е гајле истовремено на обајцата
Вришти вришти таа помисла ко дисторзија од болна чалга
Корне дури лежам и ова го пишувам и неможам да ти се јавам
Корнам на пот, а не сакам твојот мирисот од моево тело да го измијам.
Со десната пишувам во левата обетките твои ги стегам.
Чинам ќе се вратиш по нив годинава.
Чинам ќе се вратиш по нив другата година.
Чинам на врата само во мантил ќе се појавиш.
Под капутот ќе носиш пролет , пуздерајка , шише вино и атомска бомба.
Ќе ми кажеш кај си бе ѕверка кај си бе фаца? Кај си бе личност године ?
Кај си бе да ти ебам мамата!
Чинам ќе ќутам.
Чинам ќе ти се смеам.
Чинам ќе го премолчам да не ти дигам акции
Чинам ќе го премолчам она кај си бе Љубаф?
Кај си бе Смртта…
Чинам ќе ми признаеш оти не чекаше ни ти никој.
Чинам ќе ти признаам оти и јас не чекав никоја.
Чинам ќе си признаеме оти бевме среќни обајцата.
Чинам ќе се ебеме во празна кујна.
Чинам после тоа ќе ме плеснеш по гз.
Ќе ме пратиш по зарзават за руска салата.
Чинам ќе ти кажам не се љути ако се начукам од среќа негде успат.
Чинам ќе ми кажеш заколни се во новиот лаптопот дека ме сакаш?
Чинам ти велам прво кажи ти и речи жими тебе и жими се брат
Чинам ми велиш жими тебе жими се најмило брат
Чинам ти велам жими Леновото жими леновото ге петсо осумдесет брат
Потем ти велам ајде отидов и ја затворам вратата.
Потем чинам ми велиш чекај чекај да проверам дали од моделот е таа шифра лажов врати се одма.
Потем по скали се правам дека не те слушам.
И демек брзам.
скокам од четврта
ПОтем во себе преку улица ти велам само ти си ми во срцево.
Потем во себе во мисли ми велиш само ти си ми во душава и гледаш немо во една плочка во кујна
Потем ми ѕвониш на мобилен.
Потем спроти Скопјанка ме мава поднапиена жена со кола на кривината.
Потем ко фонијата од чалгата пипка полициската моторола
Смрт настапена на лице место Ск 3454 –DE zelena Kia Sephia
збори полициската службеничка
Сребрени обетки се капат во локва крв
Во левиот џеб од мојата кошула
Се смеам.
Се смееш и ти дури ме чекаш
Ја пробуваш пред огледало новата долна облека
Од кај комшиите ечи Иселенички Џукокс – новогодишна емисија.
Среќна нова среќна нова среќна нова година !
По две недели од шок ти уште си во болница.
По две недели јас ќе се расправам во пеколот ко будала
Ќе го молам ѓаволот да ме пушти последен пат да се начукам и да се маскирам Вевчани за Свети Василија
Ќе му се заканам дека ќе го извикам тука на сред пекол тајното име на Љубовта
ќе се подисплаши
Ќе му се заканам дека не е фер и ќе му се жалам на Бога оти уште не ми се поминати четириесет дена
Ќе ме прати како дух како невидливо тело со глас од писок на зурла
Потем ќе поминам двеста километри за една секунда
Пред да дојде на посета докоторот јас ќе бидам во твојата соба
Ќе стојам во ќошот скриен позади закачалка
Со жар во очите
Со лика насмеана
Потем ќе се исплашите сите
Ќе си исплашите сите од нигде никаде телевизоро кога ќе експлодира
Кога Ќе ја пукнам со бокс од радост плазмата во систина
Кога ќе ти кажат оти си добро.. .оти не е од шок и психичка природа твојата болест
Ами си малце …
Малце трудна!На сонот чудна жена оти носиш синче ти кажува
Оти носиш дете од копилето на Исус и Марија Магдалена.
Ти вели да не се секираш
Дека ќе ме стретнеш пак.
Дека сум само малце во пеколот под казна заради мојата поезија.
Дека сум под казна заради тоа што сета моја божествена љубов ти ја вбризгав во твоето слабо тело
ти ја отрув крвта
Дека ќе ме сретнеш пак со исончан лик и кратка коса.
Утрината ти даваат отпусна.
На одење до дома го молиш да застане татко ти
палиш свеќа пред Света Петка.
Врне снег.
Топла ти е душата.
Ме носиш во себе си.
Во пеколот врани дури ми го јадат џигерот
ти пеам љубовни песни.
Се смеам во мисли ти велам Еј се гледаме скоро – среќна ти нова .
Се смееш ми велиш ти стварно пореметен си пореметен си бе да ти ебам мајката.Ти шепотам пшшшшшшш
ти велам ништо освен нас двајца не е вистина!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts