По неколкунеделното постење, Велигденскиот ручек нестрпливо го очекуваат сите христијански верници, а и останатите 🙂 Традиционално богатата трпеза ќе содржи неколку видови свежи салати од кои најпопуларна е секако салатата Мимоза, крем салати, кифлички, разни сирења, јагнешко печено месо, прилози од млад компир и сезонски зеленчук и секако десерти како торти, ролати, колачиња или традиционалниот милиброт. Ќе се пие и ракија и вино и сокови и вода. Вие вредни домаќини и домаќинки одлично ќе го подготвите ручекот, во тоа не се сомневаме, но како ќе ја украсите трпезата? Можеби некои од нашите предлози ќе ви помогнат и ќе ви ”светне” некоја идеја.

easter-tableЖолто како сонце. Стариот кафез за птици исполнете го со свежо цвеќе

9d4f448ead95e2dea669fae320bacf95 И децата треба да се забавуваат. А, најмногу се радуваат на шарени колачиња

2834bb4c6dc0c40ab5ae91470edda78aПастелни бои и природни материјали 

625d0d4e4d22cde446c6fae837ca46e0 Елегантно и модерно, нежни бели лалиња во комбинација со груба јута

42583f127ceb61113219816531eba81dТрадиционално со сецесијски порцелан. Позајмете го од баба приборот за јадење 🙂

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts