CAT B15 е првиот андроид на компанијата која претежно се занимава со производство на градежни машини. Според дејноста на производителот такви и се очекувањата и од телефонот. ОТПОРЕН на екстремни услови. Во тој контекст да напоменеме дека куќиштето е гумирано, со комбинација со јонизиран алуминиум. Екранот е нормално Горила глас, факторот на заштита неверојатни IP67.  И други произведители се обидуваат да произведат слични телефони за екстремни услови како  Galaxy Xcover Extreme S5690  или  Sony Xperia Go , но засега CAT B15 е најдобриот.

New-Caterpillar-Cat-B15-seriously-best-looking-rugged-smartphone

Според големината, овој телефон изгlеда прилично масивно поради доплнителните гумени делови, но тоа резултира со одлични резултати при стрес тестовите. Имено три телефони се фрлени од 2 метри височина, конкуренцијата се распрсна буквално, а CAT B15 единствено што направи е отскокна.

Инаку телефонот издржува 30 минути под вода, во прашина и на надворешни услови од -20 до +50 степени целзиусови.

Од техничките карактеристики да напоменеме дека екранот е 4 инчен, tежината на телефонот е поприлична  и е 170 грама. Камерата е 5 мегапиксели со втора VGA камера.

Срцето на телефонот е 1 гигахерцен (dual core) двојадрен процесор со 512MB RAM меморија MediaTek MT6577  изграден на A9 архитектура. Оперативниот систем е Android Jelly Bean 4.1.

Cat-B15-Android-Phone

Батеријата во овој телефон е 2000mAh и е доволна за стендбај мод од 26 дена со една или  19 дена со две сим картички.

На крај да ја кажеме и цената. Овој модел во Велика Британија изнесува 299 фунти.

Сепак производителите се надеваат дека овој телефон ќе биде омилен кај ракувачите на огромните машини кои тие ги произведуваат.

cat

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts