“Casa del Viento” излегува од царството на имагинацијата и се претвара во реалност, во едно мирно и спокојно место. Инспирацијата за дизајнот на оваа куќа е од легендата за Tepozteco, големата вулканска формација која се наоѓа на местото, која можеби својот изглед не го добила од ерозијата на ветрот и водата туку од човечка рака, од оние што сакале да го одоброволат Ehécatl, богот на ветрот.

a1

a4

a5

a6

a7

a10

a22

a29

 

a98

Трите имагинарни карпи, кои како да паднале од вулканската формација, се претворени во ѕидови. Трите линии кои отстапуваат место на куќата, отворена кон виорот на ветрот, се  во постојана врска со надворешноста од која и потекнуваат а, конзолната структура е одличен преоден простор помеѓу екстериерот и интериерот.

a2

a3

a8

a11

a14

a21

a23

a24

a26

a33

a43

a65

a321

a431

a444

a551

 

“Casa del Viento” е со северна ориентација за да овозможи секој дел од внатрешноста да има поглед кон движењето на сонцето, за 180 степени. Витката форма овозможува искористување на природната светлина од југ и поглед од север, како и создавање на природна вентилација во сите соби.

Контрастот во употребата на современи и материјали и материјали со локално потекло е одраз на мешавината на култури карактеристични за Тепозтлан. За подовите е користен бетон а, варовник за надворешните и внатрешните ѕидови со што се овозможува термална изолација и лесно одржување.  Со употребата на одржливи техники за развој, како собирање на дождовницата и соларните панели, обезбедена е максимална искористеност на енергијата со искористување на природните ресурси.

Архитекти: A-001 Taller de Arquitectura
Локација: Tepoztlán, Morelos, Mexico
Главен архитект: Eduardo Gorozpe Fernández
Година на градба: 2013 
Површина: 650 m²

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts