Симпатичниот хотел во Пајрмонт, Сиднеј, Австралија е вистинскиот рај за инстаграмџиите. Зошто?

Креиран е да ги задоволи баш сите потреби на оваа се поголема група на луѓе-”зависници” од Инстаграм. Во секоја соба има бесплатен WiFi, iPad  на располагање и милион катчиња каде што посетителите ќе може да ”инстаграмираат”. На самиот влез ќе ги пречека посебно место каде што ќе може да се направат selfie (ајде ќе го преведеме како себеслик) и да постираат фотографија од моментот на пријавувањето.

Дури и името му е соодветно – Хотел 1888. Наречен е така, по годината кога за прв пат Кодак ја создаде филм-камерата.

Престојот за една вечер чини 140$ но, ако имате над 10,000 следачи на Инстаграм, престојот за вас ќе биде бесплатен. Бесплатно ноќевање ќе добијат и оние инстаграмџии кои ќе ја постираат најдобрата фотографија за време на престојот.

Па, бујрум на  #1888hotel 

ih1
ih2
ih3
ih4
ih5
ih6

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts