Барака е восхитувачки, одличен невербален филм со прикази на 24 земји од 6 континенти. Креативниот двоец Ron Fricke и Mark Magidson во соработка со творецот на музиката Michael Stearns го создадоа овој филм со цел да ја пренесат убавината, но и ранливоста на планетата и човештвото. Филмот нема заплет, нема актери, нема сценарио. Високо-квалитетните 70мм слики говорат повеќе од било што. Говорат за најубавите но и за најлошите делови на природата и животот на луѓето во разните предели од земјината топка. Секојдневниот живот е прикажан од сосем поинаква перспектива. Sирнете позади сцените во следното видео:

as-10

Зборот ”барака” во превод од античкиот Суфи јазик значи ”благослов” или ”здив на животот, зачеток на еволуцијата”. За многумина, Барака е единствен филм од овој жанр. За некои е спиритуален, за некои е вистинско богојавление но, за сите е прекрасно доживување на убавината и деструктивноста на заедништвото.

Филмот Барака нема само да го гледате, туку ќе го доживеете. Ќе се најдете во шпицот на Парк Авенијата во Њу Јорк, ќе се стиснете во гужвата на пероните во подземната железница во Токио. Снимките на монасите ќе ве натераат да го грабнете ранецот и да се упатите кон Азија а, кадрите од пост-воениот Кувајт и сметилиштето во Калкута ќе ве потсетат дека луѓето сепак не се совршени.

Иако Барака е огромен глобален проект исполнет е со лична страст на тричлената екипа за светот и за визуелната уметност. Филмот е работен со буџет од 4 милиони долари во рок од 14 месеци.

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts