Постои нераскинлива културолошка и историска врска помеѓу Бах и празнувањето на Велигден. Низ црквите и концертните хали ширум светот за време на велигденските празниците ќе одѕвонува Баховото ремек дело, ораториумот St Matthew Passion. Моќта на музиката на Бах, која еве веќе со векови се изведува низ целата земјина топка, се содржи во издржаноста на разновидните интерпретации. Постојаното просветлување, историското влијание и експериментирањето но, и повторното оживување на музиката со секоја нова генерација е она што го прави ова дело синоним за еден од најголемите христијански празници – Велигден.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts