Роберт Аткинс е американски кардиолог и нутриционист. Оваа диета за прв пат е публикувана уште во 1958 година. Принципот на оваа диета е исклучување на јаглените хидрати од исхраната, со што се намалуваат мастите во телото. Многу е едноставна бидејќи нема потреба од приготвување на посебни оброци, ниту гладување при примената на истата.

Оваа диета делува на следниот начин: Со престанокот на внесување на јаглени хидрати , масните наслаги во телото започнуваат да се трошат. За првите 6 дена може да се изгубат  до 6 килограми. За 24 дена примена на оваа диета може да се изгубат до 15 килограми.

Во рамките на Аткинсовата диета  се забранува внес на намирници со висок процент на јаглени хидрати како што се компир, брашно (сите видови), ориз, соја, грашок, грав, тестенини, овошје, житарици,млеко и млечни производи, сирење, маргарин, шеќер, чоколада, чипс, разни солени грицки и слично.

2010093800atkins

 

 

Во оваа диета дозволена храна се сите видови на месо и јајца, јунешко, телешко, јагнешко, свинско, пилешко, мисиркино. Месото може да се јаде варено и печено, но не и похувано. Не е дозволено конзумирање на колбаси (освен виршли) и сите видови на конзервирано месо (месни нарезоци и паштети)

Покрај ова дозволено е конзумирање на зеленчук, марула, домати, пиперки,  краставици, цвекло, морков, карфиол, печурки, целер, магдонос и друго. Доколку се употребува за салата заленчукот може да биде зачинет со оцет, масло и сол.

Во оваа диета забранета е употреба на алкохол до 6-тиот ден кога веќе е дозволено конзумирање на половина литар бело вино. Друг дозволени пијалолоци се минерална вода, лимонада, кафе и чај без шеќер.

Во оваа диета организмот по трошењето на гликогенските залихи во организмот почнува со трошење на масните наслаги. Можни несакани последици на Аткинсовата диета се кетоза, дехидрација ,губиток на електролити, губиток на калциум, мускулна слабост. Овие последици може да се јават во подоцнежниот тек на диетата,поради што дозволено е конзумирање на мали количини јаглени хидрати.

Наш совет: Консултирајте лекар или нутриционист пред да почнете да држите било каква диета.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts