”Breaking Bad”, последна сезона. Неизвесноста лебди во воздухот. 

Ама, некои обожаватели на серијата, сепак имаат и нешто друго на ум. Дечките од CineFix, на пример, направија цртан филм во стилот на 60-ите во кој, накратко, е резимирано се она што се случуваше во претходните сезони.

Ликовите се по малку изменети, заради ефект и за зезање, велат авторите. Но, резимето е точно и служи како вовед во последната, доста ”напната” сезона на оваа популарна серија.

И не, не се работи за ”Скршени кревети” 🙂 (не можевме да одолееме и да не го спомнеме овој гаф)

Видеото е овде:

А, еве и некои сликички:

bb1
bb2
bb3
bb4
bb5

bbn

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts