Купувате играчки, скапи и интересни? А, вашето дете си игра со пластично шише или обично дрвено стапче?

Претпоставуваме дека тоа и бил мотивот, тројцата дизајнери од технолошкиот универзитет Ланжу во Кина да ги креираат овие иновативни тапи за шишиња.

Во соработка со сиромашните дечиња од руралните средини во Кина и останатите неразвиени земји, иноваторите создадоа евтина но, многу интересна играчка за децата.

Тапите може да се редат, спојуваат и да се обликуваат во разни форми, како роботи, куќи, згради, бродови и во се она што ќе излезе како производ на детската фантазија.

Овие евтини (налик на  ЛЕГО играчки) освоија награда на Меѓународниот Натпревар во Дизајн 2013 за иновативност, практичност и за фактот дека се направени од рециклирани материјали. 

 

tapi1 tapi2 tapi3

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts