Тајланд. Карпест брег на Јао Нои. Островот Куду. Кино Архипелаго, кино кое плови.

Прекрасното опкружување нуди навистина единствено доживување. Уживање на сплавот и морското ветре додека гледате филм. Германскиот архитект Оле Шерен кој живее во Пекинг е дизајнерот на овој кино-сплав. За изработка се употребени рециклирани материјали а, посетителите доаѓаат со бродче до киното. Единствен недостаток, ако тоа воопшто е недостаток, е дека постои можност да го пропуштите филмот и погледот наместо на филмското платно да ви залута кон прекрсниот пејсаж кој ве опкружува.

 archipelago-floating-cinema2
archipelago-floating-cinema3
archipelago-floating-cinema4
archipelago-floating-cinema5

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts