Jане Наумоски a.k.a @mufix наш пријател од мрежите .

 -Опиши се

Љубител на креативна слобода и изразување. Така, по професија UI дизајнер, по пасија фотограф. Блогер којшто во моментов работи на редизајн на својот блог и слуша punk rock додека го прави тоа. Охриѓанец на којшто кафето му е најслатко во Аквариус. Домаќин човек чијашто специјалност се макарони болоњезе и лазањи. Фан на Stargate, Supernatural, Sons of Anarchy и уште неколу други серии.

 -365 слики! Колку всушност изнаслика за 1 година?

Секако, многу повеќе од 365, меѓутоа, секој ден по една нова за „365“. Проектот го почнав со јасна цел – да научам што повеќе за фотографијата и фотографирањето – и токму остварувањето на целта заради којашто го почнав „365“ ќе беше доведено во прашање доколку не го почтував правилото „по една нова фотографија секој ден“.

-Секој ден нова слика, која најмногу те измачи?

Не можам да одвојам фотографија којашто ме измачила. Всушност, она што на моменти ме мачеше беше недостиг на слободно време за порелаксирано да се позанимавам со фотографијата за тој ден (проблем што понекогаш претвораше во недостиг на инспирација), како и отсуството на можност или опрема да реализирам некоја идеја (лемури во нивното природно живеалиште, на пример :)).

-Дали се забавуваше?

Со исклучок на оние денови во коишто се соочував со недостиг на време или инспирација, да, забавно ми беше. Особено за време на експериментите коишто резултираа со едни од најинтересните фотографии од проектот (како што се, на пример, фотките насловени Flying Colors и Lemon Project). Неретко, последица на ваквите експерименти беше и доведување на кујни и дневни во општ неред, па забавата, всушност, траеше до моментот кога почнуваше чистењето 🙂 Извор на забава и убави моменти беа и средбите и дружбите со луѓето коишто ги запознав благодарение на „365“.

-Како дојде идеата за апликација?

Изработката на 365 Wallpapers ја предложи Виктор Зубер на групен чат на Скајп. Идејниот творец на апликацијата, како и други учесници во тој чат – и докажани креативци и девелопери – се фрлија на работа и за една недела имавме апликација за Андроид што секој ден ги освежува мобилни уреди на коишто е инсталирана со нова позадина.

-Омилени фотки:

day16 day38 day82 day96 day129 day161 DSC_0002 IMG_0882 IMG_2582 LemonProject IMG_5587 IMG_01063

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts