Декември. Највеселиот месец во годината. Како што велат во песните ”кога сите се насмеани”,”кога сите празнуваат”, ”кога сите даруваат”.

Кога сме кај дарувањето, подготвивте ли стратегија како да ги анимирате вашите клиенти, купувачи, корисници? Времето на традиционалниот шопинг е минато. Луѓето, за да заштедат време а и пари се повеќе купуваат on-line.

Што значи ова за вас? Ако немате онлајн продавница, направете ја веднаш. А, ако имате, тогаш, обезбедете ги сите потребни информации за производот или услугата што ја нудите, вклучете фотографии, време на испорака, специјални попусти (ако ги има). Што повеќе, тоа подобро, затоа што купувачот треба точно да знае што купува и да ја знае вистинската вредност на она што го плаќа. Бидете детални во информациите. Крајна цел е тоа што го нудите да им се допадне , но и да го купат веднаш, баш благодарение на сите информации.

Од година во година, друштвените мрежи завземаат поголема улога во светот на e-commerce. Денес, 70% од купувачите, препораките за одреден производ ги читаат на Twitter. 75% од нив ги користат попустите и специјалните понуди на Facebook а, скоро ист е процентот на купувачи кои инспирација бараат на Pinterest.

Заклучокот би бил: Прилагодете го својот бизнис на светот на друштвените мрежи! Интерактивно комуницирајте со купувачите на Twitter и Facebook, понудете им специјални попусти и понуди и рекламирајте ги своите производи/услуги на неконвенционален начин. Бројот на корисници на друштвени мрежи се зголемува секојдневно. Конкуренцијата е голема, но ако не започнете сега, кога би било тоа?

Сепак е почеток на декември, месец на дарувања и празнувања. А, за вас и вашиот бизнис ова би требало да е месец на најголема продажба.

Вклучете се, ВЕДНАШ! И празниците може да почнат

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts