Твитер е real-time друштвена и информациска мрежа, која овозможува брзо споделување на информации. Твитерот е дефиниран како сервис за социјално умрежување и микро-блогирање со помош на кратки текстуални пораки наречени твитови. Твитовите имаат ограничена должина од 140 карактери, што всушност е и поентата на твитер. Значи, кратко и јасно.

Во друштвената интеракција со останатите корисници, разликуваме следени твитерџии и следбеници. Значи просто кажано оние кои ги следите ги читате, оние кои ве следат ве читаат. Се разбира, за оние кои не ги сакате во ваша близина постои блокада на истите која е ретко применувана активност. Иако има примери на ”мераклии блокирачи”:)

Што се однесува до самиот твит над него може да се извршат неколку операции (активноси)

  • expand/collapse – проширување и стеснување на твитот. Со ова се скриени временскиот формат на твитот како и бројот на добиени ретвитови и фејвови

  • reply – активност со која може да се одговори на авторот на твитот као и на сите внатре споменати

  • retweet – со притискање на ова копче целиот твит го препратувате до вашите следачи

  • favorite – ѕвездичка со чие притискање давате до знаење дека ви се допаднал твит, а воедно и го зачувувате во вашиот профил

  • more – овде се наоѓаат опции за праќање на твитот по мејл код за ембедирање на истиот

Ако некоја случка е трендинг  (т.е интензивно се твита за неа)  се користи хаштаг односно #

Поради ограниченоста од 140 карактери, при твитањето се користат кратеници.

Еве некои од нив:

DM – Директна порака

RT – ретвит

#FF – Follow Friday (активност која се обавува во петок и со која на останатите твитерџии им се препорачуваат твитерџии интересни за следење)

AFAIK – (As far as I know ) Колку што ми е мене познато

YOLO – (You only live once) Еднаш се живее

tnx – (Thank you, Thanks) Фала

np – (No problem) Нема проблем

BBL – (Be back later) Ќе се вратам подоцна

BTW – (By the way) Патем или БТЊ по наше

YT – YouTube

PIR – (Parents in the room) Присусво на родители во соба

RIP – (Rest in peace) Почивај во мир

ROFL – (Rolling On Floor Laughing) Се валкам по подот од смеење

LOL – (Laughing out loud) Се смеам на глас

noob – Почетник

w00t – Радосно изненадување

(о)(о) – Цицки

:-{  Чом смајли

Во некој од следните напис ќе објасниме за @, знак кој никако не треба да се помеша со Ж 🙂

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts