Мислите дека знаете се за марулата? Проверете:

Марулата ја има во разни облици, крцкава или мека. Расте ширејќи се сферично од стеблото и формира главица. Повеќето марули имаат листови во зелена боја а, некои се со црвени врвови. Вкусот им е нежен и свеж.

Се користи претежно во салати но и како додаток во супи, чорби и сокови. Крцкавите ливчиња се идеална подлога за зачинети дресинзи додека меките обично се комбинираат со останати видови сезонски зеленчук. Достапни се преку цела година а, на зелените пазари ќе ги најдете од Март до Ноември. Познати сорти на марули: Путерица, Ајсберг, Црвенка, Ескарол, Кристал, Ромејн.

Одберете внимателно! Марулата треба да е свежа и затоа избегнувајте ги оние кои имаат оштетени или пожолтени листови.

my-absolute-favorite-lettuce-dryerПодготовка: Отстранете ги листовите, измијте ги и нежно исушете ги. Ако често користите марула во исхраната пожелно е да имате направа за сушење. Не ја оставајте марулата да кисне во вода, бидејќи листовите ќе омекнат.

Чување: Најдобро е да се чува во перфорирана кеса во фрижидер. Рокот на траење им е од 2 до 4 дена.

Готвење: Зачинете и послужете како салата. Во чорби и супи додавајте ја на крај на готвењето.

jun-11_lettuce-pancetta-soup_b_330x330

IMG_3715

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts