апр
17

2013

Лековити билки: Маточина



МАТОЧИНА , пчелник, лимон трева (Melissa officinalis L.)

Лекарско име: Folia Melissae

Расте во градините , како полудива се наоѓа и во близина на населени места, а понекогаш и во шуми. Расте до височина од 60 сантиметри  ,листовите се јајцевидни грубо назабени на рабовите.Листовите лежат на долги рачки и помалку наликува на копривините. Според народното име (лимон трева) целата билка интензивно мисриса на лимон.Цвета од јули до септември. Цветови пред да се развијат се жолтеникави а подоцна кога ќе се развијат стануваат бели или нежно лилјакови.

Melissa_officinalis_-_Köhler–s_Medizinal-Pflanzen-094

Листовите се собираат пред цветањетото, а целата билка за време на цветање. Треба да се суши брзо, на провев во тенки слоеви. Чувањето е на суво место во вреќички.

Чај од листови: 1 супена лажица се прелива со 200 милилитри зовриена вода.

Чајот се употребува против главоболка, слаби нерви, нервоза. Исто така поволно делува на ублажување на стомачни грчеви, срцеви болести, желудочни проблеми. Помага кај несоница, слабокрвност , го подмладува срцето и ја крепи душата.

Овој чај е посебно препорачлив за трудници и мали деца.

Маточината во себе содржи етерично масло со елементи на цитрол, гераинол, ланиол, хлорофил

good-nature-caj-od-matocina-3