Во ерата на брзо пренесување на рекламните пораки и милион начини како тоа да биде успешно и да ја пренесе пораката за производот или услугата до крајниот потрошувач, не е на одмет сликовито и на многу забавен начин да ви пренесеме како тоа го прават мајсторите. Ваквиот начин на маркетирање би бил достоен на еден Итар Пејо, мудро, ненаметливо и пред се, забавно.

Jenifer Aniston за Smartwater

Не сфаќајте се сериозно. Соработката на Анистон со Smartwater во ова забавно видео е разиграна. Нема претерано форсирање на брендот, субјектот (Анистон) дури и се исмева на начинот на кој медиумите влијаат на нејзиниот живот. Видеото е одличен пример како забавна содржина може да донесе забележителни резултати за позиционирање на производот на пазарот и да ги натера потрошувачите да го купат и редовно конзумираат. Итар Пејо, кога би можел, не би одбрал ”инаетливо” превозно средство, но сепак го вреднува магаренцето како свој верен сопатник и единствена алтернатива за беспаќата по кои патува.

Terry Crews Muscle Music за Old Spice

Опааа! Old Spice со ова видео посегнаа уште подалеку за да ги дофатат потрошувачите. Видеото е и смешно и интерактивно и дава брилијантен микс на забава и вклученост и со тоа ја поместува границата за брендиран медиум. Не треба да ги броите тактовите на музиката, направете ги сопствените. Итрецот со одлично убедување би ве натерал да ги претоварите вреќите тутун и дури да му кажете ”фала” додека тој би седел во ладовина и би ви зборел како итрината најдобро се развива ако имате физичка спремност. А, кога ќе се запотите, употребете Old Spice! Магаренцето растоварено и вие свежи и мирисни…и ”навежбани”.

Gangam Style/HubSpot

Итар Пејо би ве носел на прошетка по Мариово, HubSpot го користи хитот на Kореецот Psy за да создадат видео кое го позиционира брендот без притоа никаде видливо да се спомне. Брендот е промовиран како забавен, интересен и современ. Пораката не е директна, дури не добивате никаква информација на HubSpot, но сепак е јасна и ненаметлива. Баш како и производот! Итро! Итар Пејо Стајл 🙂

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts