Ова е првиот класичен двосед на Jaguar по легендарниот E-type кој се смета за еден од најубавите автомобили на сите времиња и покрај несразмерната пропоција помеѓу ширина на трагите со обемот, па изгледа како дебелко во пантолони со тесен каиш.

WS8A6859-sm

Сместен во класа помеѓу Porsche Boxster и 911 со почетна цена од 69.000$, која го прави подостапен, F-type е највозбудлива возачка машина создадена од Jaguar после суперавтомобилот  XJ220. Продажбата на роудстерот со мек покрив кој нуди избор меѓу V6 и V8 мотор ќе започне ова лето. Купе изведбата во форма на F-type R и RS модел е закажана за подоцна.

zFiresand_V8S_0110-smДали некој сеуште се сеќава на она чуство на поврзаност со возилото и директноста на управувањето? Очигледно Jaguar сеуште ги негува овие традиции. Најголема заслуга за тоа има хидрауличниот управувачки систем, за разлика од електричниот и кој се применува во скорo сите нови модели на автомобили.

WS8A6941-sm

Со овој модел Jaguar повторно се издигнува на врвот. Заслужено. 

Основна цена (во САД ) V6 $69,000; V6 S $81,000; V8 S $92,000

Мотор 335-hp V6; 375-hp V6; 488-hp V8

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts