Да се биде богат…. загарантиран опстанок, моќ, гламур.

Секој сака да биде богат поради овие причини. Успешен бизнисмен ужива да се вози наоколу во своето Ферари, да се меша со A-листата на познати личности и да присуствува на бесконечно многу ”фенси” забави.

Ако го немате луксузот да бидете родени богати, постојат и други начини да ги заработите вашите пари. Еве четири начини за да станете успешен ,познат и богат бизнисмен, подредени без некој посебен ред. За најдобар ефект, потребно е да ги примените сите четири аспекти, на вашиот сегашен или иден деловен потфат.

# 1 Никогаш не инвестирајте големи суми од вашите сопствени пари

Општо правило за деловните луѓе – Минимизирање на загубите. Успешните бизнисмени обично се зафатени подготвувајќи предлози за тоа како да се заработат пари. Тоа е она што го прават на сите оние важни состаноци, презентации и неодложни телефонски повици

  • Истражувајте за можни спонзори. Интернетот е вашиот најдобар пријател.

  • Развивајте ги бизнис контактите. Тоа ќе ви помогне да ги добиете информациите од вистинските луѓе во вистинското време.

  • Ако сте на почетокот на свој бизнис, распрашајте се за владини грантови за поддршка на проектите за претприемништвото.

 # 2 Вработете ги најдобрите

Ангажирајте тим од професионалци за најдобри можни резултати. Ако не сте во можност тоа да го направите, тогаш, ангажирајте стручен консултант кој е способен да ги обучи останатите вработени и да го зголеми вкупниот учинок на персоналот. Бил Гејтс ангажираше професионалци за да го започне својот бизнис. Тој не продолжи со своето образование на  Харвард, но тој сигурно ја знаеше вредноста за проширување на вештините.

  • Имањето доверливи и ефикасни луѓе во вашиот тим ќе ви помогне во ублажување на обемот на работа. Тие, исто така можат да предложат подобри методи да се зголеми профитот.

  • Најдете високо мотивирани професионалци кои уживаат во работата што ја работат. Позитивната работна околина доведува до подобри работни перформанси.

 # 3 Работете само со најдобрите производи 

Легитимен и успешен бизнисмен секогаш треба да се стреми да ги испорачува најдобрите производи и услуги до потрошувачите. Грижата за вашите клиенти треба да биде главниот фокус на вашата компанија. А, потошувачите, најчесто и го очекуваат најдобро за вредноста за своите пари.

  • Истражувајте за вашите потрошувачи за да дознаете што им се допаѓа, а што не.

  • Никогаш не продавајте нешто што не сте во можност самите да го употребите или да го препорачате на другите.

  • Задржете ги најдобрите и најбараните производи и имајте ги секогаш во понуда. Вашите клиенти секогаш ќе ви се навраќаат и ќе доаѓаат по нови.

# 4 Научете како да водите бизнис

Најуспешните милијардери во светот се запознати со сите аспекти на својот бизнис. Ова е клучно при донесување и спроведување ефикасни и успешни извршни решенија. Дополнителната едукација во бизнисот ќе ве поттикне:

  • Да ја препознаете дарбата кај најдобрите луѓе во својата компанија и да постигнете поголеми резултати во продажбата.

  • Професионално и учинковито да ги спроведете добро осмислените маркетинг стратеги.

  • Да стекнете почит од своите вработени со тоа што си ја знаете работата и ја правите добро.

  • Да стекнете кредибилитет кај клиентите и луѓето со кои работите.

  • Да ги анализирате успесите и неуспесите на другите бизниси, за да можете да додадете корисни елементи во вашиот сопствен бизнис

                             ”Способноста да ги реализирате идеите е клучот за  успех”

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts