Читам разни статуси од типот ”Овој Фејсбуков е опасен, има многу лаги и лажни пријатели, секој навлегува во сечија интима, не можам да ги поднесам глупостиве што ги читам, итн…”

Па, се прашувам дали луѓето знаат да ги користат денешниве комуникациски алатки како Фејсбук за тоа за што и се наменети (за комуникација) или пак како и обично површниот пристап и начинот на себе-прикажување играат пресудна улога апликацијата на Фејсбук да стане секојдневна, а многупати и нереална слика за поединецот и општеството на микро и на глобално ниво.

Фејсбук, како што и самото име кажува, е книга за лицето. Нам ни е дадена моќта да ја испишеме книгата и да ги прочитаме другите. А, дали е тоа фикција, новела, кратка проза, поезија или пак автобиографија….тоа останува секој поединечно да си го открие откако ќе ја прочита.

И да…критиката е секојпат добредојдена.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts